Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Македонија над просекот на ЕУ: 5.807 странски студенти во 2024 година

Речиси секој десетти студент во Македонија е од странство, покажуваат најновите податоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси секој десетти студент во Македонија е од странство, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2024 година. Од вкупно 58.334 студенти во земјата, 5.807 се странски државјани, што претставува речиси 10 проценти од студентската популација.

Според податоците, уделот на странски студенти во Македонија е над просекот на Европската Унија, каде што во 2024 година студентите од странство сочинувале 8,7 проценти од вкупниот број студенти.

На ниво на ЕУ, лани на високообразовните институции студирале 1,65 милион странски студенти. Од нив, речиси 514.590 доаѓале од други земји членки на Унијата, а 1,14 милион биле од земји надвор од ЕУ.

Реклама

Бројот на студенти од странство на универзитетите во ЕУ расте секоја година уште од 2016 година (1,2 милион) кога почнало прибирањето на овие податоци, при што во 2023 година надминал 1,5 милион. Во периодот помеѓу 2023 и 2024 година забележан е дополнителен пораст од 4,0 %, покажуваат податоците на Евростат.

Германија останува најатрактивна дестинација за странските студенти со 438.260 запишани пред Франција со 284.865 и Холандија со 176.470. Овие три земји заедно привлекуваат повеќе од половина или 54,5 % од сите странски студенти во ЕУ.

Според уделот на странски студенти, води Луксембург, каде што тие сочинуваат 51,5 процент од вкупниот број студенти. Следуваат Малта со 35,6 проценти, Кипар со 21,6 и Австрија со 20,8 проценти. Најнизок удел бележат Грција со 2,6 проценти, Хрватска со 3,5 и Шпанија со 4,6 проценти.

Европската Унија ја смета студентската мобилност за еден од клучните приоритети во образовната политика. Во рамките на Европскиот образовен простор, целта е до 2030 година најмалку 23 проценти од дипломираните студенти да стекнат искуство со студирање или учење во странство, а секоја година во ЕУ да се запишуваат најмалку 350.000 студенти од земји надвор од Унијата.