Вкупно 22 пријави се поднесени на повикот за финансиска поддршка за жени земјоделки од Кавадарци и Неготино, објавен од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, потврдија денеска од работната единица на Агенцијата во Неготино.
– Се работи за 14 жени земјоделки од општина Неготино и 8 од кавадаречка општина. Производителките на земјоделско производство се пријавија за набавка на опрема за преработка на сопствено земјоделско производство во домашни услови. Преработка на сок и маџун од грозје, сушари за сушење на овошје и зеленчук и други машини за преработки и пакувања на земјоделски производи – појаснија од работната единица на Агенцијата во Неготино.
Оттаму истакнаа дека и во овој случај како и при сите други повици, бесплатно им помагаат во подготовката на документацијата, на сите што аплицираат за финансиска поддршка.
Според повикот, жените земјоделки чии апликации ќе бидат прифатени, ќе добијат неповратна финансиска помош од по 360 илјади денари. с

