Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Димоглиду за иранската мрежа: Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Македонија

Овој случај уште еднаш покажува колку е важно да постои добра соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој случај уште еднаш покажува колку е важно да постои добра соработка со странските власти и ефикасна разузнавачка мрежа. И покрај тоа што не беше вклучена некоја служба на грчката полиција, Националната разузнавачка служба, преку соработката со други земји, успеа да спречи незаконска активност на нашата територија, посочи портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду говорејќи за државната телевизија ЕРТ во однос на разбиената иранска мрежа и нагласи дека „главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Македонија“.

Димоглиду објасни дека во целиот случај од грчка страна била вклучена само Националната разузнавачка служба, посочи дека постојат официјални соопштенија „од властите на Македонија, во кои се опишува дејствувањето на оваа криминална организација и се наведува дека можната цел се наоѓала во Грција, без притоа да се споменуваат конкретни лица“.

Во однос на тоа кој бил целта на атентат или терористички акт, портпаролката на грчката полиција објасни тоа го знае грчката разузнавачка служба, но и дека по апсењата и текот на истрагата, ќе се разјасни за што станува збор.

Реклама

– Ние во грчката полиција не знаеме конкретно кој бил целта. Секако, тоа е нешто што го знае Националната разузнавачка служба и таа веќе ги презела потребните мерки. Мислам дека сега, во текот на истрагата, откога во другите земји се пронајдени докази и се извршени апсења, ќе се разјасни дали станува збор за планирано убиство, односно за убиство што требало да биде извршено во нашата земја врз конкретно лице, или за нешто друго, како што е терористички напад. Сметам дека тоа ќе се утврди во текот на истрагата, сега кога уапсените се во рацете на надлежните органи – објасни Димоглиду.

Портпаролката на грчката полиција се осврна и на лицето што било уапсено на територијата на Грција и депортирано кај нас објаснувајќи дека бил откриен на граничен премин на североисточната граница кон Турција во обид да ја напушти земјата, а полицајците констатирале дека против него имало мерка за забрана за престој како во Грција така и во други земји.

– Лицето беше депортирано од нашата земја. Беше уапсено откога полициски службеници од една гранична полициска станица на северната граница на нашата земја утврдија дека неговото присуство на грчка територија не е оправдано. Потоа, во првите денови на ноември, беше депортирано – објасни Димоглиду.

Разоткривањето на иранската мрежа што подготвувала терористички напад во Грција уште од вчера е главна вест кај јужниот сосед, а новинарите објавуваат анализи и информации повикувајќи се на свои извори.

За лицето што било цел на напад/атентат во Грција, во медиумите преовладуваат неколку сценарија, едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето, пак, дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.

Сепак, за ниедно од овие сценарија не постои официјална потврда.

Медиумите во Грција пишуваат дека убиството било планирано на начин што би упатувал на расчистување сметки за да се прикрие евентуалната поврзаност на нападот со ирански мрежи.

Од друга страна, за лицето уапсено во Грција објавија дека станува збор за 30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен во земјата од аспект на националната безбедност.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека со автомобил со македонски регистарски таблички на крајот на октомври се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција на копнената граница во Еврос.

Следувало апсење, а неколку дена подоцна и депортација кај нас.