Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Почнува 51. Млад отворен театар, фестивалското мото: „Овој пат таа кажува“

„Овој пат таа кажува“ е мотото на 51. издание на МОТ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Овој пат таа кажува“ е мотото на 51. издание на МОТ – Млад отворен театар, кое од денеска до 24 ноември ќе се одржува во Скопје. Посветен на жената и женското авторство, МОТ годинава носи програма со фокус на женскиот творечки глас, перспективите и авторството во современиот театар.

Младинскиот културен центар (МКЦ), организатор на МОТ, најави богата програма со претстави режирани од жени, кои преку разни сценски јазици, естетики и авторски пристапи отвораат прашања за личната и колективната слобода, идентитетот, љубовта, општествените ограничувања, положбата на жената и односот меѓу поединецот и современиот свет. На сцената ќе гостуваат театарски продукции од земјата и странство  обединувајќи разни генерации авторки и авторски пристапи.

Фестивалот вечерва во МКЦ ќе почне со „Кратки приказни“ на Театар „Антон Подбевшек“ од Словенија, во режија на Сања Нешковиќ-Першин, претстава најавена како театарски експеримент, што ги спојува класичната глума, физичкиот театар, танцот и кореографијата. Во клубот на МКЦ вечерва ќе биде изведена и претставата „Последниот час по клавир“ на Театар „071“ – „Перипетија“, во режија на Нина Николиќ – интимна приказна за бегалството, осаменоста, припадноста и човечката блискост.

Реклама

Утре, во Театар „Комедија“ ќе биде изведена „Кокошка“ на Театар „Вортекс“, во режија на Теодора Силјаноска, комедија според текст на Николај Кољада, која преку иронија и апсурд ги истражува човечките слабости, суетата и потребата за признание и слобода.

– Меѓу регионалните гостувања се издвојуваат „Манифест“ на Словенското младинско гледалишче и „Глеј театар“, во режија на Татјана Першух, кој ги отвора прашањата за технолошкиот развој и неговите последици; „Три жени“ од Србија, авторски музичко-поетски театарски проект, што го истражува женското творештво и историското потиснување на женскиот глас; како и „Закопани чуда“, во режија на Нина Виолиќ, интимна мултимедијална приказна за љубовта, сеќавањето и минливоста. Програмата продолжува со „Смртен исход од атлетските повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ – информира МКЦ.

Во рамките на музичката програма на 51. МОТ, на 21 ноември во бифето на МКЦ ќе настапии Арбереше, уметница од Косово, која живее и твори во Швајцарија. Како што посочува МКЦ, нејзиниот музички израз претставува спој на традиционалната албанска музика и современиот звук создавајќи автентично и возбудливо музичко доживување. Концертот е дел од програмата на Младинскиот културен центар во рамките на европската музичка платформа Liveurope, која ја поддржува циркулацијата на нови европски музички таленти и нивното претставување пред нова публика. Влезот за публиката е бесплатен.

На 22 ноември ќе биде изведена претставата „Свињи“ на „Златен Елец“, во продукција на ЦК Битола, а во режија на Тамара Стојаноска, според текст на Томислав Зајец. Претставата ја следи приказната за две сестри заробени во сопствените животи и меѓусебниот однос отворајќи прашања за слободата, човечката природа и границите меѓу човекот и животното.

Во завршницата на фестивалот се и два танцови перформанси – „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ и „Мочуришна драма“, во соработка со „Локомотива“; „Мојот маж“ на грчкиот колектив „Процес“, во режија на Марија Манганари, според расказите на Румена Бужаровска; и „Ана – непоправливата“ на „Арт-центар Оренда“ од Бугарија, посветена на руската новинарка и борец за човекови права Ана Политковскаја.

– Од 18 до 24 ноември МОТ повторно ќе го претвори Скопје во сцена на разни театарски светови, силни авторски гласови и несекојдневни уметнички доживувања. Публиката ја очекуваат впечатливи и жанровски разновидни претстави, храбри сценски истражувања и средби со домашни, регионални и европски автори. Ова е покана да се откријат нови перспективи, да се доживее театарот во неговите форми и да се биде дел од уште едно фестивалско издание што го слави женскиот творечки глас – соопшти МКЦ.

Билетите за претставите се во продажба онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ по цена од 400 денари. Целосната програмата на фестивлот е достапна на веб-страницата www.mot.mk.