Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Станковиќ: Македонија има значаен исчекор во Реформската агенда, потврда има од голем број шефови на мисии на земјите членки на ЕУ

Реформската агенда е во период од 2024-2027 година, и таму се поставени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформската агенда е во период од 2024-2027 година, и таму се поставени 21 точка по коишто треба да се дебатира. За тие 21 точка, за 16 точки, од самите претставници, шефови на дипломатиите на земјите-членки се изразија позитивно. Ние очекуваме до доаѓањето на извештајниот период да реализираме уште 2, тоа би значело 18 од 21 точка реализирани во 2026 година, рокот е до 2027 година- истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Станковиќ, како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално,  истакна дека Владата одржала состанок со шефовите на мисиите на земјите-членки на ЕУ во која што се разговарало за Реформската агенда и оценето е дека има исчекор, има резултати. Во однос на отворање на Устав за решавање на билатералниот спор со Бугарија, тој е дециден дека потребни се цврсти гаранции и дека европскиот процес треба да биде предвидлив и транспарентен.

Во овој момент бараме цврсти гаранции, односно ние сметаме дека европскиот процес треба да биде транспарентен, претходно предвидлив и ние зборуваме за Реформска агенда која што се темели на копенхашките критериуми- дециден е пратеникот Станковиќ.