Реклама
Македонија

Стаменкова: Македонска Каменица ја унапредува транспарентноста преку проектот „Заедници со интегритет“

Општина Македонска Каменица започна активности за унапредување на транспарентноста, ефикасноста и интегритетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица започна активности за унапредување на транспарентноста, ефикасноста и интегритетот во локалната администрација преку вклучување во проектот „Заедници со интегритет“, што го реализира Национален демократски институт со поддршка од Шведска и Швајцарија.

Во рамки на проектните активности, како што информираше градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова деновиве оствари средба со претставници на НДИ, при што беше извршена иницијална проценка на постојните административни капацитети во општината.

-На средбата која се реализирапе во четвртокот присуствуваше и експертката за системи за управување со документи Тања Карлебах, со која беа разгледани клучните сегменти на административното работење. Проценката опфати анализа на системите за управување со предмети и архива, финансиско работење, јавни набавки, како и достапноста и функционалноста на електронските услуги за граѓаните, истакна Стаменкова.

Реклама

Според неа станува збор за важен процес што треба да придонесе кон подобрување на организациските процеси и воспоставување поефикасни механизми за административно работење.

Градоначалничката Стаменкова истакна дека учеството на општината во проектот претставува значајна можност за институционален развој и за воведување современи стандарди во локалното управување.

-Ова е важен чекор кон поголема транспарентност, ефикасност и поквалитетни услуги за граѓаните, посочи Стаменкова, изразувајќи благодарност до Националниот демократски институт за поддршката и соработката во процесот на модернизација на општинската администрација, подвлече Стаменкова.

Проектот „Заедници со интегритет“ има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните самоуправи во државата преку воведување подобри системи за управување, отчетност и интегритет во институционалното работење. Во проектот се вклучени десет општини од земјава, а активностите се насочени кон развој на административни практики кои ќе обезбедат поголема доверба кај граѓаните и поефикасно користење на јавните ресурси.

Од Општина Македонска Каменица нагласуваат дека остануваат посветени на процесите на дигитализација, модернизација и зајакнување на институционалниот интегритет, со крајна цел обезбедување поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните.