Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Средба во ЦУК со претставници од САД

Во духот на зајакнување на меѓународната соработка и градењето институционална отпорност, денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во духот на зајакнување на меѓународната соработка и градењето институционална отпорност, денес во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа билатерална средба со претставници од Соединетите Американски Држави.

На средбата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заедно со високи претставници од институцијата, како и делегација составена од претставници на Институтот за безбедносно раководење, Националната гарда на Вермонт, Европската команда на САД, Амбасадата на САД и Министерството за одбрана.

Средбата беше отворена со кратко обраќање од страна на директорот Али, по што претставниците од САД ја презентираа агендата, целите и очекуваните резултати од работилницата. Во фокусот на дискусијата беа темите за континуитет на владата и критичните владини услуги, како и поддршката од земјата домаќин.

Реклама

Главната цел на средбата беше унапредување на билатералната соработка и зајакнување на партнерската поддршка во насока на градење национална отпорност, преку развој на обуки и вежби во областа на кризниот менаџмент.

Оваа средба се реализираше во рамки на Меѓуресорската работилница за градење отпорност, која се одржува од 21 до 23 април 2026 година во Скопје, со учество на повеќе национални институции надлежни за оваа област, во согласност со основните барања на НАТО.