Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Советот на ЈО донесе одлука за објавување на оглас за избор на шефови на Основните јавни обвинителства Охрид, Дебар, Кичево, Радовиш и Кочани

Советот на јавните обвинители на Македонија на денешната четириесет и трета седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на Македонија на денешната четириесет и трета седница донесе одлуки за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Охрид, на Основното јавно обвинителство Дебар, на Основното јавно обвинителство Кичево, на Основното јавно обвинителство Радовиш и на Основното јавно обвинителство Кочани.

Под точка 6 од дневниот ред, Советот, како што информира, ја разгледал потребата од зголемување на бројот на јавни обвинители во дел од јавните обвинителства на подрачјето на ВЈО Штип, така што донел одлука да се измени Одлуката за определување на бројот на јавни обвинители на јавните обвинителства и јавни обвинители во јавните обвинителства од 14.08.2023 година, на начин што ќе се зголеми бројот на јавните обвинители во ОЈО Штип и во ОЈО Кочани со уште по еден јавен обвинител во тие обвинителства, а во ВЈО Штип со плус двајца јавни обвинители.

Под точка разно, член на Советот ги запознал останатите присутни дека од страна на Здружение на граѓани „16 Март 2025 – Кочани“ (претставници на дел од оштетените и семејствата погодени од трагедијата во Кочани) е доставен поднесок во којшто е изразена сериозна загриженост во однос на одлуката на Советот да не биде продолжен мандатот на јавниот обвинител Ивана Трајчева, со оглед дека истата ја водела истрагата по предметот Пулс Кочани  и детално била запознаена со сите факти и докази и дека поради тоа бараат да се преиспита ваквата одлука или да се обезбеди нејзино понатамошно вклучување во предметот. Членовите на Советот одлучија овој поднесок да биде препратен до Јавното обвинителство на РСМ, бидејќи Советот не е надлежен да ги преиспитува своите одлуки, а за истото да биде известен подносителот.