Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието, на денешната 130. седница, ќе продолжи со одржувањето опозициски прашања, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, на денешната 130. седница, ќе продолжи со одржувањето опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на брифингот со новинарите в понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на Деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

– Има две одредби во Деловникот, кои укажуваат на тоа да се пресметува пауза во рамките на седница за пратенички прашања. Првата е таа што има одредба од Деловникот, која е одредена кога треба да заврши, тогаш не можеме паузите да ги сметаме, на пример, буџетот се носи пет дена, или ребалансот три дена или интерпелација до 12 часот навечер. Кога има јасна одредба, кога се вели два часа, тогаш тие два часа се предвидени. Во врска со втората, се вели дека пратеничките прашања почнуваат по утврдувањето на дневниот ред. Утврдувањето на дневниот ред беше во 11.30 часот и тие почнуваат да течат од тоа време, два часа. Сега, ако не ги користите за пратенички прашања, нормално паузата ќе ви ги истроши. Трета причина е затоа што министрите што ги викаме за пратенички прашања и тие знаат дека се два часа и си го планираат времето од тие два часа да се тука. И, четврто, традицијата. Значи, за овие две и пол години откако почна да се применува овој т.н. институт за пратенички прашања, секогаш почнувале во 11, 11.30 и завршувале во 13.30, 14 часот. Но, нормално, штом опозицијата имаше поинакво мислење, имаше поинаква интерпретација, мислам дека имаше слух и од мнозинството, се договоривме – во ред, нема да ја сметаме паузата, но и да бидеме внимателни, особено опозицијата да не бара пауза, да не си го крати своето време. Значи, се договоривме така некако џентлменски да внимаваме во иднина. Ако има пауза, ќе гледаме во иднина да не се смета тоа во тие два часа. Но, дотогаш такви беа размислувањата и одредбите во Деловникот – рече Гаши.

Реклама

Пред пратениците во рамките на денешната седница се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, во второ читање, предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик-членови на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предлог-одлука за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик-членови на делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПДЦЕИ), предлог-одлуката за изменување на пдлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, предлог-одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, предлог-кандидатот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија за 2027 година, предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад за 2027 година, предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026 – 2030 година со акциски план.

На 130. седница се и неколку предлог-закони по скратена постапка – предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градењето, предлог-законот за изменување на Законот за рибарството и аквакултурата, предлогот на автентичното толкување на член 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичкото планирање и барањето за давање автентичното толкување на членот 17 од Законот за пожарникарството, а во врка со членот 2 став (2) од Законот за безбедност и здравје при работата, поднесено од пратеничката Славјанка Петровска.