Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување одредени банкарски надоместоци по примерот на повеќе европски земји. Славески во објава на социјалната мрежа „Икс“ истакна дека платниот промет е услуга […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување одредени банкарски надоместоци по примерот на повеќе европски земји.

Славески во објава на социјалната мрежа „Икс“ истакна дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.

– Народната банка во моментот нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка по примерот на повеќе европски земји во кои постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги – наведува Славески.

Реклама

Тој посочува дека во голем број европски држави постојат механизми за регулирање или ограничување одредени надоместоци и дека ваквите искуства може да послужат како добра основа за јавна дебата и во земјата.

Според гувернерот, целта е граѓаните и компаниите да имаат пристап до ефикасни платежни услуги по разумни надоместоци во согласност со современите европски практики.

Повикот на Славески доаѓа откога четири банки во земјата во изминатите денови најавија зголемување на надоместоците за услугите во платниот промет, што предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за потребата од дополнителна заштита на корисниците на овие услуги.