Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата

Иницијативите на Народната банка (НБ) за намалување на банкарските провизии веќе даваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативите на Народната банка (НБ) за намалување на банкарските провизии веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните и компаниите постепено ги чувствуваат придобивките, додека за каматните стапки се очекува натамошен надолен тренд, порача гувернерот Трајко Славески.

Тој во гостувањето на поткастот „Финсајт“ посочи дека токму граѓаните најдиректно можат да оценат дали промените во висината на банкарските провизии се чувствуваат во практика, додека анализите на Народната банка укажуваат дека преземените иницијативи беа правилно разбрани од банкарскиот сектор. Преку постојан дијалог со банките, а по претходно намалување на трошоците за банките за порамнување на плаќањата во платниот систем на Народната банка, банките пристапија кон позначително намалување на надоместоците за извршување на плаќањата. Според анализите, поголемите банки во најголем дел ја искористиле оваа заштеда во полза на клиентите преку пониски провизии, а дел од банките дополнително се откажале и од дел од сопствената заработка, со што ефектите се особено видливи кај малите и средните претпријатија.

Напоредно со ова, гувернерот Славески најави и системски пристап преку законски измени на Законот за платните системи, заради унапредување на платежната сметка со основни функции, којашто досега не заживеа поради бројни ограничувања. Со предложените измени, коишто се доставени до Министерството за финансии, се укинуваат ограничувањата како забраната за дозволено пречекорување, неможноста за поседување друга сметка и ограничениот број трансакции. На овој начин, за мал фиксен месечен износ, граѓаните ќе можат да вршат повеќе трансакции и да добијат дополнителни поволности, вклучително и можност за бесплатно подигање готовина од банкомати на други банки, во ситуации кога нема расположлив банкомат или готовина кај нивната матична банка.

Реклама

Гувернерот нагласи дека ваквите решенија се дел од светската и европската практика и дека Народната банка ги следи позитивните искуства од други земји, како Литванија, а како значаен пример ја посочи и Хрватска, каде што беа усвоени законски измени со кои од 1 јануари значително се намалуваат банкарските провизии. Покрај ова, се работи и на идејата за воспоставување национална мрежа на банкомати, што би им овозможило на граѓаните полесно да дојдат до готовина и во средини каде што нема банкомат од нивната банка. Ваквото решение се очекува да се разгледува со цел реализација во 2026 година.

Осврнувајќи се на каматните стапки, Славески истакна дека во последните две години е забележливо постепено надолно приспособување и кај каматните стапки на кредитите на домаќинствата. Просечната каматна стапка за кредитирање на граѓаните изнесува околу 4,8 проценти, што е на ниво на просекот во европски рамки. Како што појасни, каматните стапки во економијата се тесно поврзани со движењето на инфлацијата, така што со натамошното стабилизирање на цените и со поволните економски услови, при стабилен девизен пазар, ќе се создаде дополнителен простор за нивно натамошно намалување.