Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Синдикатите утре на протест во Скопје за зголемување на минималецот и линеарно покачување на платите

Минималец од 600 евра и линеарно зголемување од по 100 евра на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималец од 600 евра и линеарно зголемување од по 100 евра на сите останати плати. Ова се барањата на Сојузот на синдикати пред утрешниот протест. Сметаат дека корекцијата на платите е неопходна поради, како што велат, големата инфлација.

Овој протест е против неправдата. Затоа тие што земаат 10 пати поголема од вашата. Овој протест е затоа што за нив обезбедуваат 250 евра зголемување на нивните плати, а за вас не зголемуваат ниту 25 евра. Овој протест е завшите деца,з а вашите синови, за вашите ќерки, за вашите синови за вашите внуци за да ги зачуваме нашите семејства во Македонија и да не ни заминуваат во странство, изјави Трендафилов.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, сметаат дека сега не е време за протести туку за дијалог преку кој би се дошло до трајни одржливи решенија. На ваквиот став ССМ со остар и навредлив коментар.

Реклама

Во ССМ е забрането пушење. За да не ги болат колената додека клечат. Инаку не го поддржуваат Сојузот на синдикатите на Македонија. Не ги поддржуваат нивните членови, кои патем не знам зошто и им се членови, изјави Трендафилов.

Работодавачите подолго време предупредуваат дека сега не е време за вонредно зголемување на платите, надвор од она што го предвидува законот зашто, како што велат, продуктивноста не го дозволува тоа. 100 евра поголем минималец би биле сериозен удар за целото стопанство.

Од Владата во повеќе наврати кажаа дека за нив е прифатливо се што ќе договорат синдикатите и работовачите преку дијалог во рамки на економско – социјалниот совет.

Премиерот вели дека протестот е законско право, но потсетува и дека во март секако ќе има раст на минималецот како што е утврдено со закон.

Ние минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во март. Согласно закон, платата на работниците во април ќе биде зголемена,. Ние рековме дека секој договор кој ќе биде постигнат во бипартините преговори ние ќе го подржиме, ијзави премиерот Христијан Мицкоски.

Според актуелниот закон минималната плата се зголемува секоја година во март, износот се утврдува преку формулата 50% трошоци на живот и 50% раст на просечна плата.

Лани беше утврдена сума од 24.379 денари која годинава би требало да достигне околу 26.000 денари.