Реклама
Македонија

„Симулациска вежба за справување со пожар на отворен простор – ИСТОЧЕН ШТИТ 2026“

Општина Штип и ЛАГ Плачковица денеска во месноста Сутлак во Штип организираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип и ЛАГ Плачковица денеска во месноста Сутлак во Штип организираа симулациска вежба за справување со пожар на отворен простор „ ИСТОЧЕН ШТИТ 2026“.

Станува збор за теренска вежба со цел проверка и унапредување на координацијата, оперативната подготвеност и комуникацијата меѓу професионалните и доброволните противпожарни единици, како и институциите вклучени во управувањето со ризици од пожари на отворен простор.

Во вежбата учествуваат Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) Штип и Радовиш, како и Доброволните противпожарни друштва Штип, потоа  Баргала од општина Карбинци, ДПД Мантово – Конче, ДПД Кобри – Злеово, ДПД Струмица, ДПД Кочани и ДПД Архангел – Битола.

Реклама

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов во своето обраќање истакна дека го радува тоа што се зголемува свеста кај граѓаните да волонтираат и да станат членови на доброволните противпожарни друштва, кои на терен им помагаат на пожарникарите.

– Верувам дека овие доброволни противпожарни друштва ќе помогнат во предизвиците кои пред нас ќе престојат и би посакал помалку работа на терен, но и поголема ефикасност онаму каде што е неопходно – рече Јорданов. 

Покрај противпожарните единици, во поддршка на вежбата беа вклучени и СВР Штип, медицинска екипа од Медицински центар Штип, ЈП „Исар“ – Штип, како и други локални институции и партнери.

Вежбата се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните чинители за подобрена отпорност во управувањето со пожари“, кој го спроведува ЛАГ Плачковица како подгрант, поддржан преку програмата Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB), спроведувана од ФАРМАХЕМ – Скопје, а финансирана од Глобалната програма за климатски промени и животна средина на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).