Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Сиљановска-Давкова на самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница, кој се одржува во Ереван, Ерменија, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оцени дека актуелните глобални конфликти и енергетски турбуленции создаваат сериозни ризици за енергетската стабилност, при што особено ранливи се малите држави.

-За Сиљановска-Давкова, енергетската поврзаност не е само економско прашање, туку и безбедносен национален, регионален и европски приоритет.  Таа смета дека најголемите пречки за енергетската поврзаност на Западниот Балкан немаат технички туку политички карактер. Според неа, билатералните спорови и (зло)употребата на ветото предизвикуваат поголема штета на регионалната поврзаност отколку каков било недостиг од инфраструктура. Секој замрзнат процес на интеграција значи замрзната инвестиција и иднина, рече претседателката., се наведува во соопштението. 

Реклама

Сиљановска-Давкова констатираше дека земјите од регионот поединечно имаат ограничени капацитети, но преку заедничко дејствување може да станат вреден европски партнер.

-Заедничката инфраструктура создава заемни интереси и меѓузависност на државите, што, пак, влијае врз намалувањето на ризикот од конфликти и поголемата отпорност на трети страни. Наместо концентрирана енергетска зависност, за Сиљановска-Давкова потребна е диверзификација преку нови и алтернативни енергетски коридори и поврзување со различни извори, вклучително и од Западен Балкан и Каспискиот Регион, соопшти Кабинетот. 

Во обраќањето претседателката укажа дека зелената транзиција и енергетската безбедност се дел од ист стратешки проект и дека обновливите извори на енергија се клучни за поголема независност и стабилност.

Како што е наведено во соопштението, со тркалезната маса претседаваа премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата учествуваа заменик-претседателот на Турција, премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка, генералниот секретар на ОБСЕ, како и претседателката на Европската комисија.