Реклама
Македонија

Шведскиот амбасадор Ола Сулстром во посета на Општина Битола

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со Ола Сулстром,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во земјава.

Соговорниците разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Сулстром со Битола градот со богата историја, култура, туристичката мапа и можностите на градот под Пелистер, како и економските потенцијали кои ги нуди Битола и кои се привлечни и за странски инвеститори.

Од Општина Битола информираа дека градоначалникот и амбасадорот учествува на манифестацијата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“.