Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Шест иницијативи пред Уставниот суд, од пензии во странство до условите за парична помош за новороденчиња

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12-та седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12-та седница, на чиј дневен ред шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на различни законски и подзаконски акти, како и гласање за две нацрт-одлуки.

Судот ќе ја разгледува иницијатива за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно за членовите 1 и 3 од овој Закон, каде се оспорува ограничувањето на одредени права за пензионери кои живеат надвор од државата. 

Подносителот на иницијативата смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат пензијата во државата. И покрај тоа што правото на пензија го остварил согласно важечкиот закон, со оспорените одредби тоа право му се ограничува врз основа на местото на живеење, што претставува повреда на уставно загарантираните права, се наведува во иницијативата. Според подносителот одредбите се во спротивност со член 110 став 3 од Уставот, кој гарантира заштита на слободите и правата на граѓаните, вклучувајќи ја еднаквоста на сите пред законите.

Реклама

На дневен ред се и иницијативите поврзани со измените на Законот за градење, каде подносителите тврдат дека се нарушуваат правата на непосредните соседи на градежните парцели.  Според нив, со новите одредби се укинува правото на увид во техничката документација и правото на жалба, со што инвеститорите се ставаат во поповолна положба. Дополнително, се укажува и на можни ретроактивни ефекти и правна несигурност за веќе започнати постапки.

Меѓу предметите е и иницијативата која се однесува на правото на еднократна парична помош за новороденче, односно делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата.  Подносителот тврди дека со воведувањето на условот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ се ставаат во понеповолна положба за добивање на еднократна парична помош, деца чии родители се државјани на Република Северна Македонија, а кои се родени во странство, во однос на деца чии родители се исто така државјани на Република Северна Македонија, но кои се родени на територијата на државата. Според подносителот местото на раѓање не зависи од волјата на детето, ниту пак може да биде релевантен критериум за остварување права од областа на детската заштита.

На дневен ред е и иницијативата поднесена на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лица кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација. 

-По исклучок, при активно откривање на невакцинирани или некомплетно вакцинирани, вакцинацијата може да се врши и на терен, надвор од здравствените установи, со запазување на принципите на „студен синџир” за транспорт и чување на вакцините за соодветна диспозиција на медицински отпад, како и обезбедена антишок терапија (ампули адреналин, кортизонски препарат со брзо дејство и антихистамински препарат), се наведува во оспорената одредба.

Според подносителот одредбата е нејасна и непрецизна, создава права несигурност и е во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3, од Уставот, односно го поткопува владеењето на правото.