По изборот на популарниот Орце Ѓоргиевски за кандидат за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ набрзо ќе ги објави и имињата на други две клучни општини – Куманово и Центар. Очекувањата се дека во овие две општини владеачката партија ќе се потрпе на кадри од коалициониот партнер ЗНАМ, односно дека во Куманово ќе го подржи нивниот лидер Максим Димитриески кој веќе ја објави кандидатурата.Премиерот Мицкоски најави дека одлука за овие две општини засега нема, а ќе биде донесена по разговорите со сите партнери, вклучувајќи и ги ВРЕДИ.
“Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
За разика од нив, СДСМ и официјално застана зад актулениот градоначалник на центар Горан Герасимовски, кој и покрај тоа што има добар рејтинг, сепак не е толку посакуван од партиското членство. Имено подршката за Герасимовски, неофицијално, предизвикала кавги и несогласувања внатре во партијата.

Голем проблем за СДСМ е и Струмица. Тие таму се откажаа од актулениот грданачалник Костадин Костадинов, и на избори ќе трчаат со Марјан Даскаловски, претседател на локалната партиска организација. Опозициската партија има мака и со Скопје – не може да најде соодветен против-кандидат кој би му се спротиставил на Ѓорѓиевски, кој ужива голем рејтинг меѓу скопјани.
Работите се раздвижија и во политичкиот блок на Албанците во Македонија. Неофцијално во „Европски фронт„ постигнат бил договор за поделба на кандидати за градоначалничките места. Изненадувањето е што наводно во Струга фронтот ќе го кандидира лидерот на Алијанса Зијадин Села, што би значело дека конечно ДУИ и Ахмети се откажуваат од услугите на контроверзниот Рамиз Мерко. Интересна ќе биде и трката во Чаир, каде неофицијално Европскиот фронт го токмела екс-минисерот Бујар Османи за кандидат за градоначалник. И покрак тоа што најавуваше самостоен настап кога ја напушти влдата, сепак, лидерот на останатото крило на Алијансата Арбен Таравари веројатно за да го добие Гостивар ќе се спои со јатото на Ахемти.
На овие локални избори засега има најаваено само двајца независни кандидати – актуелниот ве-де градоначалник на Кочани, Венко Крстевски и бизнисменот Менди Ќура во Струга.
