Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

СДСМ со својата поданичка политика и сервилност ја доведе Македонија до негирање од страна на Бугарија

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДСМ ја доведе Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДСМ ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Сервилноста на Пендаровски, Заев и Филипче ја доведе државата до историски пораз, каде наместо негување на вековната традиција и заштита на државните интереси станавме предмет на негирање и понижување од страна на Бугарија.

Реклама

Политиката на „Бојко љубави, те поздрави Зоки“ заврши со неуспех и со бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на Европскиот Парламент.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС се катастрофални.

Државата ќе беше уште подлабоко заглавена доколку ВМРО-ДПМНЕ не заземеше цврст став и не се спротиставеше на овие погубни политики“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот дека македонскиот јазик и идентитет се избришани од европски документи, е доказ дека Бугарија никогаш не била искрено заинтересирана за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Напротив, тоа беше само изговор за негирање на целото македонско постоење, нотираат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Македонија нема да направи ниту еден чекор понатаму без целосна почит од Бугарија и цврсти гаранции од европските институции.

Бугарија ги злоупотребува европските механизми, и го киднапира целиот процес на европска интеграција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.