Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба поради загадувањето

Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Советничката група на СДСМ во Скопје.

Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе.

Веројатно поради изјавите на премиерот Мицкоски дека воздухот во Скопје е почист од воздухот во Виена.

Реклама

Тоа мора да се промени веднаш, за здравјето на скопјани се работи, за половина милион жители, деца, возрасни, млади, сите се засегнати!

Затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Бараме поддршка од сите советнички групи во Советот да ја оджиме оваа седница и да утврдиме заклучоци и итни мерки. Здравјето на скопјани е во прашање и затоа заедно да донесеме мерки за решавање на проблемот.

На самата седница ние ќе предложиме мерки: Бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, да се побараат пари од владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи, за граѓаните за еколошко греење, да се донесе забрана за греење со дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, понатаму расчистување на дивите депонии на територија на Град Скопје, миење на улиците, пари за еколошки проекти.

Не може да има пари за милионски тендери за испумпување на парите на граѓаните, 9 милиони евра за само една фирма, или 161 тендер за друга фирма а да нема пари за скопјани.

Не може богатењето на поединци во власта да биде поважно од здравјето на скопјани.

Да застанеме сите заедно на страната на Скопјани, да делуваме веднаш.