Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонија

Оградена и партерно уредена депонијата за градежен шут во Берово

Завршени се активностите за оградување и партерно уредување на Депонијата за градежен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршени се активностите за оградување и партерно уредување на Депонијата за градежен шут, која се наоѓа на локалниот пат „Берово – Абланица – Црвен Брег“.

Со реализацијата на проектот е создаден соодветно уреден и ограден простор наменет за одлагање на градежен шут. Целта е да се овозможи подобро управување со градежниот отпад, но и да се спречи неговото неконтролирано одлагање на несоодветни локации.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа, во рамки на повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

Реклама

Вкупната вредност на проектот изнесува 399.684 денари.

Од Општина Берово посочуваат дека со реализацијата на овој проект продолжуваат активностите насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура, уредување на јавните простори и создавање почиста и пофункционална средина за граѓаните.

Уредувањето на локацијата треба да придонесе за поголема контрола врз одлагањето на градежниот отпад и за намалување на појавите на создавање диви депонии, со што се очекува позитивен ефект и врз заштитата на животната средина.

Од локалната самоуправа најавуваат продолжување со реализација на конкретни проекти за уредување на просторот и подобрување на условите за живот на граѓаните.