Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на Божиновска со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС: Стратешките гасни проекти и забрзувањето на гасификацијата остануваат приоритет

Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на работната средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје.

За ова, како што напомена, е потребна координација меѓу државата, општините и НОМАГАС, но неопходни се, дополни, и јасни механизми за забрзување на процесот.

На средбата беа разгледани приоритетните активности и проектите од надлежност на компанијата, со посебен фокус на развојот на гасната инфраструктура и зголемувањето на користењето на природниот гас во земјата. 

Реклама

-Интерконекторот со Грција е во финална фаза, додека паралелно се интензивираат активностите и разговорите за реализација на интерконекторот со Србија, со што Македонија дополнително ќе ги зајакне можностите за пристап до повеќе извори и правци на снабдување со природен гас, беше речено во текот на разговорите.

Во тој контекст, беше истакнато и значењето на приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот коридор, кое е најавено за септември. Со вклучувањето во оваа регионална иницијатива се отвораат дополнителни можности за диверзификација на снабдувањето и зајакнување на енергетската сигурност.

Освен на тековните стратешки проекти кои се од особено значење за диверзификација и унапредување на гасната инфраструктура, посебно внимание на средбата беше посветено на забрзувањето на процесот на гасификација во општините. Беше разговарано за можностите за воведување дополнителни механизми со кои би се поттикнале општините активно да се вклучат во процесот, додека државата ќе продолжи да создава услови за полесен и подостапен пристап до гасната инфраструктура.

Беше нагласена потребата од динамична реализација на капиталните проекти, ефикасно управување со гасната инфраструктура и тесна координација меѓу Министерството и НОМАГАС, со цел обезбедување стабилен, диверзифициран и конкурентен енергетски систем.

Новиот Управен одбор на НОМАГАС го предводи Недим Рама, претседател на Управниот одбор и генерален директор, со Крсте Миладинов како заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор. Членови на Управниот одбор се и Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров.

Во Надзорниот одбор членуваат Иво Малинов, независен член и претседател на Надзорниот одбор, Агим Махмути, независен член, како и Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

Редовните работни средби се важен механизам преку кој Министерството обезбедува континуирана координација, усогласеност и навремено следење на реализацијата на стратешките проекти и приоритетите во гасниот сектор, со цел ефикасно спроведување на планираните активности и унапредување на енергетската сигурност.