Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Средби за инвестициите и идните активности во ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево

Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ги посетил ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде имал средби со приватниот партнер „Нормак“, менаџментот на компанијата „Џаво Отомотив“ и менаџментот на компанијата „Џојсон Сејфти Системс“. 

Прес-службата на Дирекцијата на ТИРЗ соопшти дека во ТИРЗ Тетово, Димовски и генералниот директор на „Нормак“, Александар Зарков, ги разгледале тековните активности во зоната, можностите за понатамошен развој на инфраструктурата, како и мерките за подобрување на условите за работа.  Димовски се сретнал и со менаџментот на „Џаво Отомотив“, при што исто така биле разгледани тековните активности поврзани со реализација на инвестицијата, како и следните чекори во развојот на компанијата во рамки на ТИРЗ Тетово. 

Посетата продолжила во ТИРЗ Кичево, на средба со менаџментот на „Џојсон Сејфти Системс“ на која се разговарало за досегашното работење на компанијата, тековните активности и плановите за понатамошен развој. – Притоа, беа разгледани и можностите за дополнителна поддршка од страна на Дирекцијата во насока на олеснување на работењето и реализација на идните развојни планови на компанијата – соопшти Дирекцијата на ТИРЗ. 

Реклама

Потенцираат дека денешната посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево е дел од континуираната определба на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со инвеститорите и партнерите и следење на состојбите на терен.

– Главната цел и натаму останува навремено идентификување на потребите на компаниите, унапредување на условите за работа и создавање предуслови за нови инвестиции и отворање нови работни места – велат од Дирекцијата на ТИРЗ.