Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Началникот на ГШ на Армијата, Лафчиски, присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваше на примопредавањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово, соопштија денеска од Генералштабот.

Тој на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денеска присуствувал на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“, што се одржала во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина.

– На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи – пишува во соопштението.

Реклама

На средбите била потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји, се нагласува, што остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност.

– За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи. Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците на Армијата во извршувањето на задачите, како и одличната соработка меѓу Армијата и силите на КФОР. На средбата со мировниците, генералот Лафчиски беше непосредно информиран за тековните предизвици при извршувањето на нивните задачи, упатувајќи им притоа порака да продолжат достоинствено и професионално ја претставуваат Армијата и државата во оваа меѓународна мисија – се додава во соопштението.

Се додава и дека Армијата на Македонија е дел од мисијата „КФОР“ од ноември 2020 година. Во моментов, македонскиот контингент го сочинуваат два вода распоредени во Регионалната команда – Запад и штабни старешини во командата на мисијата во Приштина.