Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Средба на Димитриеска-Кочоска со Јуџин Ругенат од Светска банка – забрзувањето на реформите и реализацијата на проектите во фокусот

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска, преку својот фејсбук профил, информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска, преку својот фејсбук профил, информира дека во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок се сретнала со извршниот директор на Светска банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат.

Како што наведува Димитриеска-Кочоска, станало збор за реформите, за реализацијата на проектите и за искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнувањето на економскиот раст.

-На средбата со Јуџин Ругенат, извршен директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата држава, во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок, разговаравме за досегашната соработка, тековните проекти и можностите за натамошна поддршка на развојните приоритети на државата. Акцентот го ставивме на забрзување на реформите, поефикасна реализација на проектите и искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнување на економскиот раст. Продолжуваме со посветена соработка со Светската банка, насочена кон долгорочен и одржлив развој и конкретни придобивки за граѓаните, истакнува министерката.