Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Министерот Серафимовски се сретна со кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството.

Во делот на трговската размена, како што информира МЗШВ, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино на кинескиот пазар. Органското производство беше издвоено како дополнителен сегмент со потенцијал за воспоставување нови деловни врски меѓу производителите и компаниите од двете земји.

Соговорниците ги разгледаа можностите за соработка во примената на напредни земјоделски техники, паметното производство и користењето обновливи извори на енергија во земјоделските стопанства, со цел подобрување на продуктивноста и поефикасно користење на природните ресурси.

Реклама

-Модерното земјоделство го гледам како спој на образованието, науката и земјоделската практика. Научните достигнувања ја добиваат својата вистинска вредност кога производителот може да ги примени и да ги почувствува придобивките во својата работа. Во таа насока гледаме простор за продлабочување на соработката со Кина и за споделување знаење приспособено на потребите на нашите земјоделци, истакна министерот Борче Серафимовски.