Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Бугарија не ја бара Ива Михајлова и нема да ја екстрадира во Македонија

„Државјанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран на друга држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Државјанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран на друга држава или на меѓународен суд за целите на кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено со меѓународен договор што е ратификуван, прогласен и стапен во сила за Република Бугарија“ – соопшти денеска бугарското Мининистерство за внатрешни работи во врска со случајот со Ива Михајлова, по која македонското МВР распиша меѓународна потерница, откако викендов таа избега во Бугарија, а во судот во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици.

– На 13 октомври во 19:38 часот, Дирекцијата за меѓународна оперативна соработка (DIOC) прими известување од Интерпол Скопје со барање за распишување меѓународна потерница за апсење и екстрадиција на Ива Михајлова – државјанка и на Бугарија и на Македонија. Во известувањето беше наведено дека против Михајлова се води постапка за сообраќаен прекршок (дело казниво според член 300 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија) и дека Судот во Кочани издал налог за нејзино апсење на истиот датум – 13 октомври 2026 година. До овој момент, за Михајлова не е издадена „Црвена потерница“ (Red Notice). Бугарските власти не презеле никакви дејствија за лоцирање на лицето на бугарска територија. Потсетуваме дека, согласно член 25, став 4 од Уставот на Република Бугарија: „Државјанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран на друга држава или на меѓународен суд за целите на кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено со меѓународен договор што е ратификуван, прогласен и стапен во сила за Република Бугарија.“ Член 6, став 1а од Европската конвенција за екстрадиција предвидува: „Секоја договорна страна има право да ја одбие екстрадицијата на своите државјани.“ – се наведува во соопштението од бугарското МВР.

Македонските власти реагираа за бегството на Михајлова и за начинот на кој е пречекана во Софија, оценувајќи дека тоа претставува провокација која ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи, како и мешање во правниот систем на државата.

Реклама

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вицепремиерот Александар Николоски вчера изјавија дека очекуваат Бугарија како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да постапи по издадената меѓународната потерница, да ја уапси Михајлова и да ја врати во Макеоднија.

Ива Михајлова, која има и бугарско државјанство, во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици. По нејзиното бегство од земјава, по неа е распишана централна и меѓународна потерница, а кочанскиот суд и одреди мерка притвор во траење од 30 дена. За неа беа изречени мерки на претпазливост а и беа одземени патните документи.  

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

– Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија – соопшти МВР.

Бугарските медиуми објавија дека Михаилова се наоѓа во Софија, иако претходно ѝ биле одземени двата пасоша – македонскиот и бугарскиот, како дел од превентивните мерки со кои требало да се спречи нејзино заминување од државата.