Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Кавадарци презентирани резултати од меѓународниот проект ,,Духот на мојот крај” 

„Духот на мојот крај“, е насловен меѓународниот проект што го реализираа субјекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Духот на мојот крај“, е насловен меѓународниот проект што го реализираа субјекти од четири држави, меѓу кои и Земјоделско – шумарското училиште од Кавадарци за кој денеска во дворот на кавадаречкиот Вински музеј, беа презентирани резултатите од проектните активности. Освен ова училиште што постои 70 години и е носител на проектот, во Еразмус плус проектот финансиран со европски пари, се вклучени и средни училишта од Србија и Словачка, како и партнер од Јанина, Грција.

На завршната конференција, меѓу многубројните гости, присуствуваа и претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

– Денес не одбележуваме само успешно завршен проект. Денес ја славиме соработката, знаењето, иновативноста и заедничката визија за подобра иднина. Нашето училиште повеќе години активно учествува во европски проекти, бидејќи сме убедени дека современото стручно образование не може да се развива без меѓународна соработка, без размена на искуства и без практична работа со партнери од различни земји – рече директорката на училиштето, Ратка Росомански. 

Реклама

Овој проект, додаде таа, покажа дека традицијата и иновацијата не се спротивности. Напротив, се надополнуваат.

– Нашиот регион е препознатлив по лозарството, по производството на вино и традиционални дестилати. Тоа е богатство што сме го наследиле од нашите предци и кое денес имаме обврска да го зачуваме, но и да го развиваме. Проектот ни овозможи да покажеме дека традиционалното производство може успешно да се комбинира со современи технологии, нови рецептури, одржливи практики и европски стандарди за квалитет – истакна таа. 

Притоа подвлече дека собено значење има фактот што во сите овие активности беа активно вклучени и учениците и наставниците.

– Како образовна институција, токму тоа е нашата најголема цел – да создадеме млади луѓе кои ќе бидат подготвени за европскиот пазар на трудот, ќе размислуваат креативно и ќе знаат да создаваат нови можности за развој. Една од најважните придобивки од проектот е што покажа дека производството на традиционални дестилати не треба да се гледа само како земјоделска или прехранбена дејност. Тоа е дел од културното наследство. Тоа е дел од туристичката понуда.

Тоа е можност за локален економски развој – нагласи Росомански. 

Развојот на туристичките понуди поврзани со локалните производи, рече таа,  ќе придонесе за поголема препознатливост на нашите региони и ќе отвори нови можности за локалните производители, малите семејни бизниси и младите претприемачи.

– Посебна благодарност упатувам до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која преку својата работа придонесува македонските училишта да бидат дел од европското образовно семејство и да создаваат нови можности за учениците и наставниците. Искрено веруваме дека ваквата поддршка е исклучително важна за развојот на стручното образование и за создавање нови европски партнерства – истакна директорката на Средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“.