Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје каде продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Вештите лица кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања за пренамената на објектот за вршење угостителска дејност согласно Деталниот урбанистичко план и правилници, градежните активности и пренамени на објектот, барањата за издавање лиценци за работа, надлежните за стручен надзор, како и службените обврски на градежните инспектори… 

На прашање кои се надлежностите и дали градежен инспектор може да дејствува и самостојно и откако објектот е ставен во функција и без пријавени реконструкции и пренамени, вештакот укажа дека “Градежниот инспектор не само што има право и обврска да реагира во градба, туку и откако ќе се изгради и се врши некаква пренамена, доградба или менување”. 

Реклама

– Судбината на објектите од издавање на дозвола за градба, па се до негово уривање е во надлежност на градежен инспектор, без разлика која дејност во него се врши – нагласи вештакот. 

Вештото лице, меѓу другото, појасни и кои се инспектори и служби се надлежни за следење и спроведувањето на Деталниот урбанистички план и објектите на терен. 

-Надзор над спроведување на закон за урбанистичко планирање е обврска на државен градежен инспекторат во рамки на кој постојат државни урбанистички инспектори. Нивната обврска е да ги следат постапката на изработка, донесување и спроведувањето на ДУП-от, како и на обврските на институциите. Вакви инспектори немаме во општините, меѓутоа спроведувањето на ДУП се врши со издавање поединечни одобренија за градба и доградба што ги издава општината и го потпишува градоначалникот, а контролата на нивното почитување е на надлежниот инспектор – рече вештакот. 

Обвинителот Борче Јанев приговараше на начинот на поставување прашања и забелешките на обвинетиот Николчо Коцев дека “да не било дадено одобрение за градба на објектот од Општина Кочани на прво место, немало ниту да постои Пулс ни да се случи пожарот” да си ги задржи за завршен збор, на што обвинетиот му дофрли “важно е, надлежниот обвинител да постапел по допрен глас никој од тука обвинетите немаше да бидат тука”. На што обвинителот возврати “Кога градежни инспектори би направиле увид и би поднеле пријава…”. 

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс”, во изјава за медиумите на пауза од денешното рочиште порачаа дека „од денешното рочиште едно станува сè поочигледно: суштинските прашања како да се најтешки за поставување”.

-Наместо вкрстено испрашување со јасни, прецизни прашања што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. Вкрстеното испрашување треба да служи за проверка на доказите и утврдување на фактите, а не за проверка колку долго можат судот, вештаците и родителите да издржат бесконечно повторување на прашањата без суштина – изјави Александар Наунов. 

Одбраната, нагласи Наунов, има право да брани, и никој тоа не го спорува, но, ако нема што суштински да се оспори, “оддолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи”.

– Ние ќе седиме и ќе слушаме колку што треба, затоа што зад ова судење не стојат само купишта документи и вештачења – стојат 63 животи што завршија и семејства кои секој ден ги живеат последиците. ​Фактите се побиваат со факти, вештачењата со аргументи, а времето, очигледно, со прашања без крај – изјави Наунов. 

Претходно денеска вештите лица одговараа на прашања на одбраната на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски. На серија прашања од одбраната за причините за пожарот и одговорноста за негово настанување и ширење, вештакот рече дека “Брзото ширење на пожарот е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба, но нашето вештачење не се занимава со причините за настанување на пожарот”. 

– Согласно закон за градење барање за пренамена треба да поднесе сопственикот на објектот – изјави вештакот. 

Адвокатката на сопственикот на објектот, му укажа на вештакот дека во договорот за закуп има член дека потребните документи за извршување на дејност ќе ги обезбеди закупецот, но вештакот повторно укажа на Законот за градење. 

-Врз основа на тој нивен интерен договор општината не може да издаде одобрение, мора или полномошно или сопственикот лично, тоа е мое мислење – изјави вештакот.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување на докази. 

Судењето продолжува на 1 септември со вкрстени прашања за градежните вештаци од одбраната на остантите обвинети. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.