Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Додека на едно место се гасне, на друго се разгорува нов пламен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека на едно место се гасне, на друго се разгорува нов пламен. По тешката ноќ на Китка, голем пожар беснее во пределот на Градско, во атарот меѓу селата Горно и Долно Чичево. Огнот започнал од стрниште, но поради високата и барут сува трева за кратко време се проширил со голема брзина, при што ги загрозил двете села. Силниот ветер дополнително им ја отежнал работата на пожарникарите. Поради сериозноста на ситуацијата, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Ангелов, ги пренасочил трите ер трактори од Китка, каде утринава го гаснеа пожарот на планината. На помош пристигнале и локалните жители, кои со трактори направиле противпожарни пресеци за да го запрат ширењето на огнената стихија.

„Ми се јави итно градоначалникот и бараше итна помош. Овде веднаш беа испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не беа доволни за да се сопре огнената стихија, која се движеше со голема брзина, поради што ги пренасочив „ер тракторите“ кои од рано утрово дејствуваа на големиот пожар на планината Китка“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризи .

Инаку, огнот на Китка не стивнува, и таму се уште се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Најкритично е во областа околу селото Палиград, во Општина Студеничани. Надлежните се сомневаат дека пожарот е намерно подметнат и побараа помош од локалните жители во откривањето на сторителите. Најголем приоритет е огнот да се задржи подалеку од населените места и да се спречи неговото навлегување во шумскиот појас на Китка.

Реклама

Колку и да се обидуваме да го изгаснеме овој пожар, некој упорно го потпалува. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам локалните жители да ни помогнат да ги најдеме сторителите, затоа што оние кои душмански секој ден повторно го потпалуваат овој пожар, палејќи долга линија, можеби понекогаш и по еден километар, ризикуваат, односно се свесни дека предизвикуваат опасност да убијат некој жител на повеќето овдешни села или да изгорат некое трло, но и нанесуваат огромна штета на околната вегетација, борчињата и шумата“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Во последното деноноќие се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Поради високите температури и исклучително сувата вегетација, надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност. Опасноста од нови пожари останува висока, а една мала искра за само неколку минути може да прерасне во голема огнена стихија.