Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Филипче тврди дека бил подготвен за избори, ама не сака да учествува.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче тврди дека бил подготвен за избори, ама не сака да учествува. Првиот човек на СДСМ, реши да на секоја прес-конфернција да повторува дека немал да биде алиби на власта, за евентуално изборно соочување. Мицкоски си имал две третини во Собранието, па сам нека си распишел избори, зошто би му биле СДСМ, прашува Филипче. Иако до пред неколку дена пред јавноста велеше дека сигурно ќе има предвремени парламентарни избори, сега се дистанцира од своите зборови, можеби ќе биле редовни.

-А за избори сме спремни кога и да бидат, ама нема да бидеме алиби, нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини, апсолутна власт, може да распише избори кога сака, зошто му е СДСМ сега, зошто му е, не навлегуваме во таа игранка, човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари. И избори ќе има и ќе се соочиме на изборите кога и да бидат, дали ќе бидат догодина или ќе бидат за две години, изборите ќе се случат, изјави Филипче.

Во обид да го оправда се поизвесниот и нов катастрофален пораз на изборите, Филипче повторно реши вината за лошиот личен и партиски рејтинг да ја бара кај сите, освен кај самиот себе и своите најблиски соработници. Повторно меѓу главните виновници ги најде медиумите кои не ги контролира.

Реклама

-И сега во целата оваа ситуација кога се спремаат очигледно за избори, без разлика дали ќе бидат предвремени или ќе бидат регуларни, тогаш освен медиумите кои оваа власт веќе ги има, 40 посто од медиумите кај нас под контрола на луѓето блиски на Орбан. Сега се спрема да влезе тешката српска артилерија пропагандна, на чело со Ало медија купуваат медиуми, телевизии, Еуроњуз е веќе тука, изјави Филипче.

Премиерот Мицкоски претходно порача дека граѓаните не сакаат избори, оти на минатите и дале мандат од четири години на оваа Влада за да ги спроведе неопходните реформи. Но, доколку опозицијата смета дека е потребно ново изборно соочување, тогаш власта немало кукавички на седи на страна.

Ова не е прва пат премиерот Мицкоски да и понуди на опозицијата да се оди на предвремени избори. Но секоја негова понуда, на еден или друг начин е одбиена од опозициската СДСМ, чии рејтинг во моментов е за два-три пати понизок од тој на власта. За разлика од партијата на Филипче, опозициските ДУИ и Левица, се за предвремени избори.

Матеја Петровски