Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Рударската општина Пробиштип почна со одбележување на 28 август

Почнаа спортските и културно-уметничките активности за одбележувањето на големиот празник „Успение на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа спортските и културно-уметничките активности за одбележувањето на големиот празник „Успение на Пресвета Богородица“, Денот на рударите и Денот на нашиот град – Пробиштип, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и додава дека е подготвена богата спортска, културна и музичка програма во која има по нешто за секоја генерација. 

-Во неделата, на 23 август се одржа турнирот во баскет, а во тек е турнирот во мал фудбал чие финале ќе се одигра токму на 28 август. На 26 август (среда), во организација на Домот на културата ќе се одигра монодрамата „Прво лице еднина“ на Секундарниот плоштад од 20:00 часот. Потоа, на 27 август (четврток), ќе се одржи Свечена академија во Кино салата во 18:00 часот. Потоа следи музичко-сценскиот спектакл „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ (Одбележување на 35 години самостојна Македонија) на градскиот плоштад во 20:00 часот- изјави Тоневски.

На празникот, 28 Август ќе се одигра финалето на турнирот во мал фудбал на ракометното игралиште со почеток од 18:00 часот. Вечерта продолжува со голема Музичка вечер на Градскиот плоштад каде ќе настапат: Мелани Тарчуловска, Madonna Tribute Band, Саша Ковачевиќ и DJ DUFF.

Реклама

Програмата не завршува на 28 август, туку продолжува и наредниот ден, на 29 август во сабота со детска забавна вечер со Дарко Ѓурчиновски и маскоти на Секундарниот плоштад од 19:00 часот. Во исто време на игралиштето во Градскиот парк ќе се одржи „Рудар рок фест“ со учество на познати имиња од земјата и странство.

Во недела, 30 Август ќе се одигра Финале на турнирот во тенис на Тениското игралиште во Градскиот парк со почеток од 17:00 часот,  а програмата за одбележување на овој празник се затвара со настанот „Legovec Land“ на игралиштето во Градскиот парк со почеток во 20:00 часот.