Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Не смееме да дозволиме влегување на тројански коњи во Европската Унијамниту денес,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не смееме да дозволиме влегување на тројански коњи во Европската Унијамниту денес, ниту за 10 или 20 години. Со оваа порака, еврокомесарката за проширување Марта Кос го најави новиот „Хелсиншки момент“ на Брисел и претстави драстични промени во процесот на проширување, кои носат построги проверки и постепена интеграција за земјите-кандидатки. Со новиот „момент од Хелсинки“, таа алудираше на собирот на европските лидери во финската престолнина кој го отвори патот за големото проширување по Студената војна, кога во Унијата се приклучија 10 нови земји.

Таа беше децидна дека Унијата повеќе не смее да си дозволи сигурносни и политички ризици во процесот на прием на нови членки.

„Мораме да одиме еден чекор подалеку. Мораме да се осигураме дека нема да прифатиме тројански коњи, ниту денес, ниту за 10 или 20 години. Искуството ни покажа дека се потребни посилни заштитни механизми со кои ќе ги спречиме, а по потреба и исправиме, кршењата на основните принципи и вредности на нашата Унија“, вели Марта Кос, еврокомесарка за проширување на ЕУ.

Реклама

Кос нагласи дека геополитичките околности наложуваат целосно напуштање на досегашниот концепт на преговори „сè или ништо“. Според нејзе, наместо тоа, ЕУ е за постепена интеграција, каде кандидатите постојано ќе добиваат пристап до фондовите исполнувајќи ги реформите. Секако земјите кандидатки ќе сносат последици и назадување доколку ги прекршат правилата.

Покрај построгиот мониторинг, Кос зборуваше и за едно од најчувствителните прашања за сите земји кандидатки. Прашањето за правото на вето и блокирањето на процесот.

„Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него. Потребна ни е постапна и поструктурирана интеграција за да го надокнадиме времето што го немаме. Ова би можело да значи и намалување на областите каде што една држава може да ги блокира сите останати. Построгите механизми се неопходност, а не опција. Тие се клучни за градење доверба и единство“, вели Марта Кос, еврокомесарка за проширување На ЕУ

Според неа, за да се постигне консензус за прием на нови членки, ЕУ треба да се фокусира на сите четири области. Внатрешни реформи, посилни демократски заштитни механизми, постепена интеграција и преодни мерки.

Во своето обраќање  Кос го истакна брзиот напредок на Црна Гора, која е лидер во процесот на пристапување во ЕУ, напредокот на Албанија во исполнувањето на клучните критериуми за владеење на правото, значителниот технички напредок на Украина и на Молдавија, како и одлуката на Исланд да го продолжи процесот на пристапување.