Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Густиот чад кој денеска го покри Скопје доаѓа од активните пожари на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Густиот чад кој денеска го покри Скопје доаѓа од активните пожари на планините Китка и Жеден. Ветрот го носи кон главниот град, информираат надлежните. Мирисот на изгорено ги вознемири скопјани, кои ги вжештија телефоните на ЦУК, стравувајќи дека гори Водно. Додека Скопје се бореше со густиот чад, огнот беснееше на повеќе локации низ државата. Најтешка е состојбата на Китка, каде во една од акциите пожарникарите спасиле теленце, заробено од огнените јазици. Критично е и над селото Бојане, на планината Жеден.

„Пожарот од тетовската страна сега се префрли на скопската. Тој е на тешко пристапен терен на планината. Во неговото гаснење учествуваат пожарникари од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари. Очекувам тој да биде ставен под контрола“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Во меѓувреме, локализиран е пожарот во пробиштипското село Гујновци, каде изгореле неколку помошни простории. Големите шумски пожари кои вчера избувнаа во Пехчевско и Делчевско се локализирани, но сè уште се под опсервација на надлежните.

Реклама

„Според првичните информации, опожарена е борова и дабова шума од 220 хектари, што е значително голема површина. Ова ми дава за право уште еднаш да упатам апел до сите граѓани во државата, бидејќи една ненамерна грешка може да предизвика големи штети и, не дај Боже, загуба на човечки животи“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, денеска до 13 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, еден е под контрола, додека осум се изгаснати.