Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Прилози

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Македонија силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и политиката на неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и политиката на неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите – посочи премиерот Христијан Мицкоски во интервју дадено за „Брајтбарт њуз4.

Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската Влада почнала уште пред тој повторно да биде избран за претседател на САД. Посочува дека Македонија била меѓу првите европски земји што воспоставиле контакт со луѓе од тимот на Трамп уште во текот на неговата изборна кампања во 2024 година.

-Дури и пред да стане претседател на Соединетите Американски Држави, некои од луѓето, кои се дел од неговиот најблизок периметар, нè посетија и за време на кампањата кога немаше премногу европски нации што веруваа дека Трамп ќе стане претседател, напиша Мицкоски.

Реклама

Тој нагласува дека поддршката на Трамп во Македонија е многу висока, повисока од каде било во Европа, и дека со задоволство би го пречекал Трамп во земјата доколку распоредот на американскиот претседател го дозволува тоа. Мицкоски, исто така, нагласува дека Македонија била меѓу првите земји што започнале разговори со администрацијата на Трамп по воведувањето на американските царини и дека во преговорите била постигната билатерална спогодба за нулта царинска стапка.

-Имаме нула царини кога станува збор за извоз на македонски производи во Соединетите Американски Држави. Значи, практично, повеќе или помалку, имаме заедничка основа и мислам дека наскоро, веројатно има можност сега за време на Генералното собрание на ОН да имаме официјален состанок, или во Белата куќа или каде било, за да го потпишеме овој билатерален договор меѓу двете земји. Затоа мислам дека ова ќе додаде вредност на односите меѓу двете земји, напиша Мицкоски.

Во интервјуто,  Мицкоски говори и за евроинтеграциите. Тој нагласува дека Македонија сака да стане членка на ЕУ, но дека во самата ЕУ владејат двојни стандарди, а деценискиот процес на земјава за зачленување е проткаен со низа на отстапки кои Македонија ги направи (спроведе). Според бирократите од Брисел и од целиот свет, вели Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз, тоа требало да биде последното нешто што го направивме, но, за жал, како што вели премиерот, тие нè предадоа и нè излажаа.