Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија континуирано го губи младото население, а последиците од демографскиот пад веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија континуирано го губи младото население, а последиците од демографскиот пад веќе се чувствуваат и во образованието. За само десетина години бројот на средношколци од над 20.000, е намален на околу 14 .000. Се помалиот број на првачиња ќе се одрази и врз средното и врз високото образование. На најстариот универзитет во Македонија, “Свети Кирил и Методиј” во последните години годишно се запишуваат околу пет до шест илјади студенти. Во првиот уписен рок годинава се запишале околу 4.700, а се очекува бројката да надмине 5.000, меѓу другото и поради странските студенти. Но, според Ангелова, без системски мерки тешко ќе се запре континуираното намалување на идните студенти и академски граѓани.

“Сметам дека е алармантна појава и дека мора да се преземат системски мерки да се задржат пред се младите луѓе во земјава, да се креираат мерки со кои што ќе им се обезбеди сигурностработење со цел да имаме што повеќе млади луѓе и сите да останат во земјава, за да може перманентно оваа појава во континуитет во иднина да почне да се менуваат состојбите и да се зголемува бројот на млади луѓе”- вели ректорката на УКИМ Билјана Ангелова.

И  додека државата бара начини како да ги задржи младите во земјава, во Струга учениците се соочуваат со проблем кој дирекно ги засега. Од 1-ви септември ќе останат без организиран превоз до училиштата.Превозаниците втор ден бојкотираат, бараат исплата на заостанатите долгови, но и повисока цена на билетите.Долгот од 60.000 евра направен во време на Рамиз Мерко ќе се иплати до крај на годинава, уверува актуелниот струшки градоначалник.

Реклама

-“Нормално, се чека на Советот да помине и тоа покачување на цената. Но можам да ги уверам сите возачи и транспортери дека сите долгови, и оние што се од пред две-три години што останале од другата власт, ќе се исплатат. Но, нормално, треба малку да се почека, да добиеме на време, затоа што не се само тие долгови има и други долговите” вели Менди Ќура, градоначалник на Струга

Свесни дека најмногу ќе трпат учениците, превозниците сепак не отстапуваат, бараат целосна исплата на долгот и повисока цена на билетите.