Општина Илинден започна со реконструкција на улицата 11 во населба Илинден, со цел подобрување на условите за сообраќај и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Од локалната самоуправа информираат дека градежните активности се реализираат во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, преку која општината продолжува со модернизација и унапредување на локалната патна инфраструктура.
Проектот предвидува проширување на постојниот коловоз и целосно асфалтирање со нов асфалтен слој, на делница во должина од околу 110 метри.
Со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за одвивање на сообраќајот, да се зголеми безбедноста и да се овозможи полесен пристап за жителите на овој дел од населбата.
Од Општина Илинден најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните.

