Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Манасиевски: Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Михаилова

Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Ива Михаилова, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Јавноста очекува одговори, дали зад медицинскиот извештај кој го изготвил Иван Барбов на 19.03.2026 година, во кој јасно се вели дека понатамошното лекување на пациентот Ива Михаилова треба да продолжи во Бугарија, стојат Филипче и Заев?

Дека постојат сомнежи за кредибилитетот на Барбов нема дилема, тоа директно го пишува и во извештајот на Стејт Департментот на САД во 2017 година, во кој јасно пишува дека „Именувањето на Иван Барбов за в.д. директор на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, било контроверзно’’.

Реклама

Дополнително, тоа што тој веќе еднаш е правосилно осуден за создавање на нелегални документи за осигурување за трети лица да добијат инвалидски пензии, нам не ни е чудно повторно, сега можеби под покровителство на Заев и Филипче, истото да го има сторено со извештајот за Ива Михаилова.

Очекуваме надлежните органи да истражат и да постапат, бидејќи јавноста очекува одговори.