Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Салиу: Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање упатува порака до жителите на оваа скопска општина дека ќе стави крај на понижувањето и по добивањето на довербата за градоначалник веднаш ќе започне со системска акција за чистење на отпадот, се вели во соопштението од ДСР.

 „Секој здив во Шуто Оризари денес носи понижување. Миризбата од ѓубрето ни ја понижува секоја улица, ни ги гуши децата. Доста е“,  истакнува Салиу.

Во пораката, Салиу најавува конкретни мерки уште од првиот ден на градоначалничкиот мандат.

Реклама

 „Првиот ден како градоначалник ќе донесам една јасна одлука: Шуто Оризари ќе дише чисто. Ќе започнеме со вонредна акција за чистење — без одложување и без изговори,“ порачува Салиу.

 Тој додава дека приоритет ќе биде и долгорочно решение за отпадот.

„Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија. Ќе го рециклираме отпадот, а општината ќе биде енергетски одржлива. Ќе создадеме нови работни места за нашите луѓе во Шуто Оризари,“  вели претседателот на Демократските сили на Ромите(ДСР) и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу.

Салиу ја нагласува и моралната обврска кон најмладите и повикува на граѓанска мобилизација и гласање за бројот 24.

 „Ова е збор пред вас, пред народот: нашите деца заслужуваат воздух, не срам. Браќа и сестри Роми, ова е нашиот час за промени. Шуто Оризари ќе дише. И тоа ќе се види“, вели Салиу.