Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

РСБСП започнува со зимска кампања „Вози безбедно-стигни сигурно”

Зимата носи многу снежни убавини, но и бројни предизвици на патиштата. Секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зимата носи многу снежни убавини, но и бројни предизвици на патиштата. Секој снег, мраз или дожд е тест за нашата одговорност зад воланот, посочуваат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), најавувајќи ја зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со порака дека малку повеќе внимание, правилна опрема и внимателно возење можат да спасат човечки живот.

Согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15 ноември до 15 март, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата, а од РСБСП нагласуваат дека зимата претставува период со највисок степен на ризик на патиштата.

Главните опасности за возачите, како што посочуваат во соопштението се: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, појава која често е невидлива и особено опасна, намалена видливост поради густа магла, врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, намалена концентрација и замор на возачите.

Реклама

РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да ги следат, како што посочуваат препораките кои спасуваат животи.

-Следете ги информациите за временските услови на патиштата, прилагодете го возењето според условите на патот, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација, носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно, направете зимска проверка на возилото, одржувајте безбедно растојание меѓу возилата, избегнувајте нагло сопирање на возилото, избегнувајте нагло намалување или зголемување на брзината на возилото, се наведува во соопштението.

Од Републички совет напоменуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото, движење со намалена брзина, која во потполност е прилагодена кон условите на патот.

-Одговорноста не се мери само со почитување на законските одредби, таа се мери со ставот дека во секое возило, на секоја крстосница и пешачки премин, стојат човечки животи со свои семејства, планови и иднина. Со оваа кампања потсетуваме дека безбедноста на патиштата е заедничка обврска – само така може да изградиме култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот, се додава во соопштението.