Реклама
Македонија

Регионална средба во Гостивар за зајакнување на младинските политики

Во Гостивар се одржа регионална средба во соработка со организацијата ХЕРА на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гостивар се одржа регионална средба во соработка со организацијата ХЕРА на која се зборуваше за младинските политики и потребите на младите од Полошкиот Регион. На настанот учествуваа претставници од неколку општините кои низ дебата разменија искуства за поголемо вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.

Средбата тематски беше насочена кон создавање на простор за претставување на позитивни искуства и практики и за создавање меѓуопштинска соработка со учеството на младинските организации.

За Драгана Каровска Чемерска програмска раководителка во организацијата Хера, ваквите активности се дел од меморандумот со општина Гостивар за соработка и подобрување на младинските политики на локално ниво.

Реклама

– Од досегашната работа увидовме дека во Гостивар постои младински совет, има младински центар и можност за соработка на локално ниво. Целта е да се разговара на кое ниво е соработката со младите и во однос на спроведувањето на Законот за младинско учество, како и развој на механизми кои помагаат младите активно да учествуваат и да се подобри нивниот живот, рече Каровска-Чемерска.

Првиот човек на општината, Ваљбон Лимани, кој учествуваше во дебатата посочи дека локалната самоуправа ги има спроведено обврските кои произлегуваат од законот за младински политики и млади.

– Очекувам и се надевам дека оваа средба ќе биде поттик за подлабока соработка меѓу општините во Полошкиот Регион и на тој начин на младите да им се создадат услови за да станат поактивни учесници во носењето одлуки. Тие бараат благосостојба и околина во која ќе можат создаваат и да ја градат својата иднина, рече гостиварскиот градоначалник Лимани.

Според него, младите во Гостивар имаат повеќе предизвици со кои се соочуваат пред сè невработеноста, но и аспекти со владеењето на правото, здравствениот систем, функционирањето на институциите.

На средбата беа претставени искуствата кои се стекнати во општина Гостивар низ работата на локалниот младински совет и програмата за работа. Во дискусиите можеше да се слушнат со какви предизвици и проблеми се соочуваат младите од регионот и насоки за подобрувањето на нивниот стандард.

Настанот се реализира во рамки на проектот „Youth Connect: Building Inclusive Participation Through Local Partnerships“, поддржан од Regional Youth Cooperation Office (RYCO).