Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Речиси илјада компании вклучени во дуалното образование, Македонија веќе брои 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки

Зголемен е бројот на ученици што се запишуваат во стручните училишта –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен е бројот на ученици што се запишуваат во стручните училишта – за шест години евидентиран е раст од 12,2 отсто. Но, бенефитот од дуалното образование сè повеќе го препознава и бизнис-заедницата – речиси 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес. 

Како што беше речено денеска во Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година Македонија има 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки.

– Од 2007 година Комората има конзистентен став како треба да се обезбеди стручен кадар, а тоа го соопшти првпат во 2014 година на прес-конференција кога истакна дека е неопходно воведување практична настава во средните училишта, но и практична обука во компаниите. Тогаш почна и со конкретни активности преку креирање на првите образовни програми, во кои беше вклучена практичната обука како дел од задолжителното образование – истакна Наташа Јаневска, проектен менаџер за образование во Стопанската комора. 

Реклама

Јаневска, која се осврна на воведувањето на дуалното образование, укажа дека најголемите предизвици во почетокот биле нефлексибилниот образовен систем, затвореноста на компаниите и инспекциските служби.

– Наидовме на нефлексибилен образовен систем, што не предвидува промени. Требаше да се преговара, но не само со образовните институции, туку и со компаниите – дека треба да бидат отворени и дека сами треба да почнат да го креираат стручниот кадар. Најтешко беше да им објасниме на инспекциските тела дека не станува збор за злоупотреба на детски труд како што велеа кога ќе ги затекнеа учениците на пракса во компаниите, туку дека тоа е само дел од образовниот процес, дека теоријата се учи во училиште, а праксата на реално место – во компанија – потеницра Јаневска.  

Приказната почнала во 2017 година со само една компанија, една паралелка и 20 ученици од средното училiште „Михајло Пупин“.

– За шест години евиентиран е раст од 12,2 отсто на уписот на ученици во стручно образование. Запишани ученици во стручно образование во учебната 2019/2020 година е 64 проценти, а во учебната 2025/2026 година 71,8 процент. Во учебната 2019/2020 година во дуалното образование биле вклучени 11 компании, во 2021/2022 година 211 компании, во 2022/2023 година 500 компании, во 2023/2024 година 560 компании, во 2024/2025 година 600 компании, а во 2025/2026 година речиси 1.000 компании. Бројот на стручни училишта во учебната 2019/2020 година бил четири, со по една дуална паралелка, а во 2025/2026 година е 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки – истакна Јаневска.

Таа истакна и дека Комората работела на oсигурување квалитет преку обуки за сертификација на речиси 1.500 ментори во компании, верификација на 200 компании за практична обука на ученици, регистар за вмрежување стручни училишта и компании „Портал пракса“ и дигитален саем за уписи во средно стручно образование. Паралелно, напомена, обезбеди и 7.626.769 евра грантови за опремување 12 стручни училишта и пет факултети во конзорциум со 86 компании/организации преку Германската развојна банка.

Јаневска го посочи и новиот Закон за стручното образование и обука од 2025 година.

Претходно, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во обраќање на настанот најави дуален концепт и во високото образование. Како што рече, со новиот закон е предвидено првпат да се воведат втор и трет циклус стручни студии. Според Јаневска, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бараат некои од нив и бизнис-заедницата туку и затоа што дуалното образование како модел дало одличен резултат во средните стручни училишта.