Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Разгледани 20-ина амандмани на првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на буџетот, седницата на матичната комисија продолжува утре

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет беа разгедани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет беа разгедани 20-ината од вкупно 124 поднесени амандмани на предлог-ребалансот на буџетот за 2026 година, но не добија пооддршка. Седницата ќе продолжи утре во 18 часот.

СДСМ предложи амандман за зголемување на средствата за плати и придонеси во буџетот за 2026 за зголемување на минималната плата на вработените кај буџетските корисници. Со амандманот, како што појасни пратеникот Фатмир Битиќи, се предлага зголемување на средствата за основни плати од 35.329.806.000 на 35.817.786.000 денари, како и зголемување на средствата за придонеси за социјално осигурување од 14.590.095.000 на 14.726.489.000 денари. Тој посочи дека зголемувањето на платите е неопходно поради постојаниот раст на трошоците за живот и поскапувањето на храната, енергијата, превозот и другите основни потреби, кои, вели, особено ги погодуваат граѓаните со најниски примања.

– Сметаме дека буџетската политика треба да обезбеди конкретен одговор на потребите на работниците, а не да се сведе исклучиво на планирање на приходи и расходи. Буџетот, како што сите знаеме, е инструмент преку кој државата ги спроведува своите економски и социјални политики, а вреднувањето на трудот на вработените во јавниот сектор е составен дел од сите тие политики – рече Битиќи.

Реклама

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски одговори дека Владата постојано работи на подобрување на правата на работниците. Според него, Министерството за финансии и Сојузот на синдикатите ги имаат обезбедено сите потребни средства што следуваат од правата од работен однос.

– Доколку дојде до измена на законска регулатива или на колективни договори во насока на промена и потреба од дополнителни финансиски средства за таа намена, тогаш Министерството за финансии ќе постaпи во тој момент – рече Јанкуловски. 

НАИ предложи амандман за афирмација на правата на заедниците со кој бараа да се обезбедат дополнителни средства во износ од 22 милиони денари за поддршка на невладини организации за културно уметнички друштва и здруженија на заедниците. Заменик министерот Јанкуловски го одби амандманот и појасни дека за таа намена во буџетот веќе биле обезбедени 18 милиони денари.

Од НАИ побараа и обезбедување дополнителни средства во износот од 3 милиони денари за националните денови на заедниците, како и дополнителни средства во износ од 12 милиони денари за унапредување на правичната и соодветната застапеност во рамките на државата. Заменик министерот им реплицираше дека во рамките на одобрените буџетски средства на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците има доволно средства за бараната намена без оглед на тоа што истите не се издвоени во посебна подпрограма. 

Меѓу амандманите на Левица беше и предлогот за враќање на скратените средства за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура во капацитети на одбранбениот систем, подобрување на условите за работа и функционирање на Министерството за одбрана и Армијата. Пратеникот Борислав Крмов образложувајќи го амандманот кажа дека АРМ има касарни со уништени санитарии и перници и ќебиња стари по 20 години…

Заменик-министерот Јанкуловски појасни дека средствата од каде се предлага намалувањето се наменети за веќе преземени обврски поврзани со одржување и подобрување на постоечкото ниво на борбената способност на АРМ, што е компатибилно со политиките на НАТО.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, информира дека Владата има план за сите армиски објекти во државава со кој ќе следува реконструкција на сите објекти.

– За жал, 35 години никој не размислувал како на тие војници да им обезбеди пристојни услови за да можат да ги завршуваат своите работни задачи. Во последниве две години можете тоа да го видите, колку реконструкции се завршени на воените објекти. За сите овие работи кои што вие ги споменавте се преземени обврски и потпишани договори, што значи дека наплаќањето ќе се премести за наредната година со новиот буџет. За две години согласно планот и договорите кои што се потпишани со избрани изведувач и завршени 80% јавни набавки, сите објекти во кои што престојува воениот персонал ќе бидат реновирани и реконструирани – појасни Стојановски.