Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Расте притисокот врз вработените во текстилната индустрија да потпишат спогодбен отказ

Доаѓа време на дополнителен притисок, но по ниту една цена не потпишувајте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доаѓа време на дополнителен притисок, но по ниту една цена не потпишувајте ништо ! „-алармира штипското здружение за  заштита на работнички права Гласен текстилец. Ваквите предупредувања доаѓаат откако во изминатиот период зачестија  поплаките од работници вработени на неопределено на кои им се врши притисок за да потпишат спогодбени откази.

   „ Постојано се прават притисоци во фирми од страна на надредените лица врз вработените, со тоа што самите работници се приморани да потпишуваат спогодбен прекин на договорот за вработување, а при тоа самите работници се несвесни за штетата што оди на нивна страна. Потоа е многу тешко да се реагира доколку нивниот потпис стои на листовите со име, презиме и датум„- изјави Дијана Ристовска-Гласен текстилец.

Ваквата манипула скапо ќе го чини работникот. Пред да се потпише било каков документ од ваков вид најдобро е работникот да се консултира со правник или случајот да го пријави во здружението и трудовиот инспекторат, советуваат од Гласен текстилец.   Со спогодбен отказ газдите  немаат обврска да исплатат опремнина, а работникот  ја губи задолжителната финансиска помош од државата..

Реклама

   „Со потпишување на спогодбен отказ, работниците не ги следува надомест од Агенцијата за вработување, а н ги следува ниту здравствено осигурување во периодот додека трае надоместокот„-објаснува Ристовска

ПОради лошата економска состојба и немањето на работа, се очекува притисоците врз работниците постојано да  растат. Ако ваквиот однос претходно беше карактеристичен само за во текстилната гранка, сега е изразен во речиси целиот приватен сектор. 

Александра Ристевска