Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира пристапно предавање на новоизбраниот почесен член на Академијата, проф. д-р Трајче Стафилов, на тема „Улогата на аналитичката хемија во разбирањето и заштитата на животната средина“.
На предавањето пригодна реч ќе одржи академик Глигор Јовановски.
Настанот е дел од активностите на МАНУ за афирмација на научните достигнувања и отворање простор за размена на знаења и искуства во областа на науката и заштитата на животната средина.

