Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Презентирана анализа за јавното мислење за работата на Собранието

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“.

Анализата, како што информираат од Собранието, е подготвена  во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, проект на Владата на Швајцарската Конфедерација, под покровителство на Собранието и опфаќа теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работа на Собранието за важни прашања како што се: членството во ЕУ, економските прашања и прашањата поврзани со владеењето на правото, транспарентноста на институциите, социјалната благосостојба. 

На презентацијата учествуваа и амбасадорот на Амбасадата на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер, директорот на Националниот демократски институт за меѓународни прашања, Роберт Скот Хајзлет и претседателот на Институт за демократија „Социета Цивилис“, Марко Трошановски. 

Реклама

Милошоски, како што информираат од собраниската прес-служба, ја истакна важноста на перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието и на пратениците, истакнувајќи дека довербата во институциите се гради преку транспарентност и постојана комуникација со јавноста. Тој посочи дека организирањето јавни дебати, јавни расправи и посети на граѓани во Собранието придонесува институцијата да биде поблиску до граѓаните и поотворена за нивните ставови и потреби. Воедно, Милошоски истакна дека значајна улога има и медиумската покриеност на овие активности, со цел јавноста навремено и објективно да биде информирана за работата на законодавниот дом.

Амбасадорот Зомер, посочи дека јавното мислење е многу битно, бидејќи тоа покажува како ефикасно да им се одговара на прашањата и барањата на граѓаните.

Анализата за јавното мислење за работата на Собранието ќе биде презентирана пред сите пратеници и пратенички групи во Собрание.