Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Претставници на ЗНАМ се сретнаа со министерката Јаневска, тема пакет закони за високо образование

Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски и координаторот на пратеничката група во Собранието, Бобан Карапејовски, во просториите на Министерството за образование и наука се сретнаа со министерската, Весна Јаневска, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Тема на разговор беа пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност. Низ конструктивен разговор беа постигнати неколку дополнителни појаснувања и формулации што ќе бидат дел од овие закони. Во однос на приватните високообразовни институции, беше заклучено дека се допрецизира и се уточнува начинот на давање банкарска гаранција на овие институции. Изборите во звање ќе бидат со повисоки критериуми, при што беше постигнат консензус дека во областа на лингвистиката, покрај базите Веб од сајнс и Скопус, ќе се земе предвид и базата ЕБСЦО. Беше истакнато дека овие закони се добра основа за натамошен развој на високото образование и на науката, области во кои државата постојано треба да вложува, да ги унапредува и да ги развива, и преку перманентно следење и подновување на законската
регулатива.