Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов за време на гостувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов за време на гостувањето на една од националните телвизии, дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДСМ, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:

„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.

Реклама

Пренџов истакна дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сочува македонската традиција и македонскиот идентитет.

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, дециден е Пренџов.