Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Премиера на „Крв не е вода“ за 80-годишнината на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

Во рамките на одбележувањето на 80 години од постоењето на гимназијата „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на одбележувањето на 80 години од постоењето на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, вечерва  во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Крв не е вода“, во продукција на драмскиот клуб при училиштето, информираа денеска од гимназијата.

Претставата, која ќе се игра во два термини од 12:0 и од 20:00 часот, е резултат на долгогодишната работа на клубот што оваа година одбележува 15 години постоење под менторство на професорката по македонски јазик Соња Тодоровска. Автор на текстот е ученичката Мила Димковска од IV-1 клас, која инспирацијата ја црпи од делата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски и „Диво месо“ од Горан Стефановски, комбинирајќи ги со современиот начин на живеење на македонското семејство. Режијата е на професорката Тодоровска, а на сцената настапуваат ученици од втора и четврта година.

-Драмскиот клуб не е само воннаставна активност, тој е училница за живот. Тука учениците учат да зборуваат, да слушаат, да чувствуваат, да соработуваат и да веруваат во себе. За мене, најголем успех не се само аплаузите и наградите, туку младите луѓе кои излегуваат од овој процес похрабри, посигурни и подготвени да го изразат својот глас- изјави професорката Тодоровска.

Реклама

Во изминатите 15 години, клубот реализирал повеќе авторски и адаптирани претстави, како „Г-ѓа Авганистанка“, „Кој е овде луд“, „Лунатик“ и „Колку чини промената“, како и дела од Бранислав Нушиќ, Горан Стефановски, Коле Чашуле и Карло Голдони. Дел од продукциите биле наградувани на фестивали, меѓу кои ДАФ Кочани, како и на меѓународни настапи во Требиње и Земун. Професорката Тодоровска истакна дека особено значајно е што дел од поранешните членови на клубот денес професионално се занимаваат со театарска уметност.

-Особено сум горда што дел од учениците кои поминаа низ драмскиот клуб, денес го продолжуваат својот пат во уметноста, како актери, режисери и професори по драмска уметност. Тоа е најголемата награда за секој педагог. Сите наши претстави имаат по неколку репризи и секогаш се бара карта повеќе, а кумановската публика не ги штеди аплаузите и убавите зборови- додаде Тодоровска.

Премиерата на „Крв не е вода“  го заокружува јубилејот на гимназијата, потврдувајќи ја континуираната посветеност на учениците кон театарската уметност и создавањето нови генерации креативци.