Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Тригодишната програма, велат од МО, нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Реклама

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамки на НАТО (англиски или француски).

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година. Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6