Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка, можности за нови проекти и инвестиции  

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот, како што информираат од МЕРМС беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. 

Во рамките на официјалниот дел, беше потпишан и Договор меѓу Владата на Хрватска и на Македонија за стратешка соработка. Договорот го потпишаа двајцата премиери, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. 

Посетата на хрватската делегација на земјава беше заокружена со одржување на Бизнис форум, на којшто присуствуваа претставници на македонската и хрватската бизнис заедница, на кој, како што информираат, биле претставени можностите за идна соработка на повеќе полиња, меѓу кои и можностите за реализација на нови проекти и инвестиции во енергетскиот сектор. 

Реклама

– Енергетиката денес е една од најважните стратешки области за Европа и за целиот регион. Војната во Украина, како и случувањата на Блискиот Исток, јасно покажаа дека енергетската сигурност повеќе не е само економско, туку и геополитичко и безбедносно прашање. Затоа, државите кои знаат да соработуваат, да инвестираат и да градат заеднички инфраструктурни проекти, ќе бидат посилни, постабилни и поотпорни на идните предизвици, истакна министерката Божиновска во своето обраќање на Форумот.

Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу Македонија и Хрватска, којшто беше потпишан денеска, е резултат на пријателските односи и долгогодишната взаемна соработка меѓу двете земји, којшто се базира на стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ, а повикувајќи се на обврските според Договорот за Енергетска заедница и важноста на постепеното усогласување со енергетското законодавство на ЕУ. 

Целта на Меморандумот, како што информираат, е креирање на рамка за унапредување на можната соработка меѓу двете земји во енергетскиот сектор во насока на: зајакнување на енергетската безбедност и регионалните интерконекции; унапредување на интеграцијата на обновливи енергетски извори и транзицијата кон системи со ниска јаглеродна емисија; интеграција на пазарот на електрична енергија и регулаторна конвергенција со правилата на ЕУ и поддршка во градењето на институционалниот капацитет, размена на знаења и заеднички иницијативи.

МЕРМС, се вели во соопштението, ќе продолжи со пристапот за проширување на регионалната соработка, како предуслов за успешна енергетска транзиција преку имплементација на проекти и инвестиции, а во насока на воспоставување на стабилен и сигурен енергетски систем.